Откриен идентитетот на пронајдениот мртов маж кај локалниот пат Стримница-Желино

Полицијата го откри идентитетот на безживотно тело на машко лице пронајдено покрај локалниот пат Стримница-Желино како 30- годишен Б.И. од скопското село Љуботен, општина Бутел, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Безживотното тело на Б.И беше пронајдено во четвртокот во бездна покрај локалниот пат Стримница-Желино во месноста „Ледина“ по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид и при прегледот на телото не биле утврдени траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител била извршена и обдукција, а според податоците од истрагата идентификацијата на починатиот била отежната бидејќи кај себе немал никакви лични документи и телото било во поодмината фаза на распаѓање.

Од полицијата утврдиле дека Б.И. бил пријавен како исчезнат од страна на неговиот брат на 14 ноември откако претходниот ден излегол од дома и не се вратил.

Полицијата сега истражува како починатиот се нашол на местото каде е пронајден а истрагата работи и на утврдување на причините за смртта и се друго поврзано со случајот рече Јосифовски. 

 

 

 

02.12.2017 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега