Народен правобранител: 364 дена во годината да ја покажуваме нашата грижа за лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби Народниот правобранител апелира до сите граѓани уште поабрзано и попосветено да се вклучат и помогнат во интеграција на лицата со посебни потреби, со цел и тие да ги остварат нивните човекови права.

- Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите, градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии... Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес 3 Декември, туку и останатите 364 денови во годината, вели Народниот правобранител во соопштението испратено по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Само така, додава Народниот правобранител, ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството.

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби годинава се одбележува под мотото „Општество за сите“.

 

 

 

03.12.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега