Возачи, бидете внимателни - намалена видливост и можни одрони по патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, се вели во извештајот од 12 часот на АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Според информација од ЈП Македонија Пат, на патниот правец А3 Делчево – Македонска  Каменица сеуште има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација. 

 

 

 

03.12.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега