Страшна несреќа во Скопје - прегазено лице се бори за живот на КАРИЛ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:50 часот во Скопје на улицата „Никола Карев“  патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со скопски регистарски ознаки управувано од 31-годишниот Д.Ц. од Скопје, удрило во 65-годишната С.К. и 67-годишниот Б.К. двајцата од Скопје.

Како што е наведено во соопштението, С.К. со возило на  брза помош е пренесена во Градска оппшта болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување, додека Б.К.со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар - Скопје, каде исто така му се констатирани тешки телесни повреди  и истиот е во животозагрозувачка состојба и е задржан на лекување во КАРИЛ.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

 

 

 

03.12.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега