Велосипедистот во животна опасност- детали за синоќешната сообраќајка во Скопје

Синоќа на улицата „Момин поток“ се случи сообраќајна несреќа во која  патничко моторно возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот С.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од непознато машко лице на возраст од 60-70 години.

Во незгодата со повреди се здобило лицето кое го управувало велосипедот и со возило на Брза помош е пренесено во Ургентен центар - КАРИЛ, каде му се констатирани тешки телесни повреди (коматозна состојба) и е задржано на понатамошно лекување.

Полицијата изврши увид на лице место.

 

 

 

03.12.2017 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега