Прегазен полициски службеник во Скопје итно префрлен во болница

Полициски службеник пренесен во болница откако го удриле со автомобил. 

МВР соопшти дека во 20 часот од страна на полициски службеник е пријавено дека  на улица „Никола Русински“, неговиот колега униформиран полициски службеник бил удрен од патничко моторно возило "Фиат стило" со скопски регистарски ознаки и истиот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани телесни повреди и пуштен е на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

 

 

 

03.12.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега