Филмска кражба во скопска обложувалница - со пиштол им се заканувале на вработените

Спортската обложувалница “Спорт лајф“ вчера и денеска е мета за разбојниците, кои извршиле кражба во два различни градови во Македонија, јавуваат од МВР.

Вчера, во 22 часот на улица „Мацари“ две непознати лица, влегле во обложувалницата и со пиштол почнале да се закануваат, по што успеале да украдат 151.000 денари од дневниот промет.

Утрово пак, во Гостивар, обложувалницата лоцирана на улица „Маршал Тито“ била ограбена од страна на непознато лице кое исто така го украл целиот дневен промет.

Полицијата ги презема потребните мерки за расветлување на инцидентите и пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

03.12.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега