Две апсења на граничниот премин „Богородица“

За два дена две апсења на граничниот премин „Богородица“.

МВР извести дека во 12,00 часот од страна на мешовит патролен тим од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија-Скопје кај место викано „Паркинг Милетково“ било забележано патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запре возилото, истиот ја зголемил брзината и се упатил по локалниот пат кон село Миравци, каде по неколку стотини метри го запрел возилото и се дал во бегство.

- Од страна на полициски службеници, лицето е приведено, при што е констатирано дека се работи за 35- годишниот С.М од село Бузалково, велешко. При контролата на возилото во истото се пронајдени дванаесет лица-мигранти, и тоа по пет лица од Авганистан и Пакистан и две од Шри Ланка- се вели во соопштението.

По инструкции од Јавен обвините, две од лицата ќе се спроведат до Транзитен Центар - Скопје, а останатите ќе бидат однесени во Прифатен центар за странци - Гевгелија.

Возачот е предаден во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Утринава пак во  03 часот и 30 минути нa Граничен премин Богородица за влез во Република Македонија во товарно моторно возило ,,Волво‘‘ со скопски регистарски ознаки управувано од 63- годишен Р.Т од Србија, со место на живеење во Скопје, откриени се 14 илегални мигранти, сите од Сирија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

03.12.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега