Ѓорчев: Луѓето се плашат од оваа власт, од овој режим- сега нема слобода, но ова нема да трае долго

Ова е уште едно поглавје во македонската историја. Ова се нови страници во долгата борба за слобода на нашиот народ, истакна Влатко Ѓорчев на вчерашниот протест пред затворот во Шуто Оризари, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Тој ги поздрави и актерите од МНТ кои завчера во знак на протест за притворот на -нивниот колега Владо Јовановски ја одложија претставата „Ничија земја“.

-Цел театар, македонскиот народен театар вели дека нема да глумат, ја одложуваат претставата од солидарност. Тоа е театарот на македонските писатели, на македонските драми, на македонските поети, на македонската стварност и во таа долга листа на македонски големци овие денови се приклучија и тие 18 горди луѓе кои рекоа нејќеме да глумиме затоа што нашиот колега и пријател е во затвор. Тоа е доблест. МНТ не е директорот, не е ниту министерот кои одат во казнена експедиција и ветуваат казни, МНТ се македонските глумци, актери, режисери и сценаристи. Тоа е театарот на Ристо Шишков, а Владо Јовановски стана новиот Ристо Шишков. Владо е само еден од оние неправедно затворени.

Зарем, запраша Ѓорчев, актер кој никого не нападнал, не удрил и не раскрварил треба да биде суден за тероризам. Што е ова Никарагва, Чиле, дали е ова латинска Америка од 60 и 70-те години?

-Македонецот е како пиреј, ќе никне и ќе тргне. Сакам да им порачаме на сите кои се во притвор и неправедно затворени дека повторно ќе чекорат по плоштадот Македонија, по улица Македонија, ќе чекорат по кејот во Охрид и по пристаништето, на плоштадот во Куманово, дека повторно ќе се вратат кај нивните најмили, повторно ќе ги прегрнат нивните деца. Ќе дојде слободата. Ќе изгрее ново сонце на слободата, вечниот завет на македонската химна, рече Ѓорчев и додаде:

„Овие денови велат, зошто сте малкубројни, зошто нема повеќе луѓе? Тоа е срам на власта и овој новопечен режим, затоа што луѓето се плашат. Овие 5-6 дена се имам сретнато со многу луѓе кои велат со вас сме, ве поддржуваме, но не можеме- се снима, се гледа, има закани по јавни и приватни институции, но ќе помине и ова. Секој на Фејсбук што нешто ќе постира, ќе лајкува или ќе сподели- се закануваат. Тоа ли е домократија? Не беше режим она пред година, две или три- ова сега е режим. Сега нема слобода. Но верувајте ќе се крене оваа магла, нема да трае ова многу долго, овие темни облаци ќе си заминат“.

За овие неправди, како што ги нарече Ѓорчев, ги повика граѓаните денеска во 16:30 часот да излезат пред Министерството за правда. -Борбата за Македонија продолжува.

Погледнете го целиот говор на Ѓорчев од вчерашниот митинг.

 

 

 

03.12.2017 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега