Водостојот на реките се намалува, а излеаната вода се повлекува

Дирекцијата за заштита и спасување, денеска соопшти дека водостојот на реките е во опаѓање, а водата на излеаните места веќе почнува да се повлекува. Од страна на единиците за локална самоуправа и јавните комунални претпријатија преземени се сите конкретни активности за нормализација на состојбата со излевањето на водотеците.

Тие посочуваат дека будно ја следат состојбата и ако има потреба, веднаш ќе реагираат. Наведуваат и дека во моментов нема потреба од ангажирање на силите и средствата на Дирекцијата за заштита и спасување доколку не дојде до влошување на состојбата и хидрометеоролошките услови.

И од УХРМ информираат дека според податоците од хидролошките станици низ државата се забележува намалување на водостојот на реките. Исклучок се поединечни хидролошки станици кои се лоцирани во долните теченија на реките и кај кои е регистрирано извесно зголемување што според УХРМ е очекувано со оглед на текот на водата од горните делови на речните сливови низводно кон вливот во поголемите реки.

- Меѓутоа и овие зголемувања се незначителни така што се очекува нивно постепено стабилизирање. Во текот на денешниот ден се очекува врнежите да престанат и водостојот на реките низ земјава постепено да почне да се намалува, велат од УХРМ. 

 

 

 

03.12.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега