Се преземаат мерки и активности за повторно работно ангажирање на вработените во „Фени“

Стечајниот управник на „Фени Индустри“ преку соопштение денеска истакна дека се преземаат сите мерки и активности за побрзо работно ангажирање на вработените и заштита на капиталот и правата на работниците во фабриката.

- Во однос на доверителите, согласно Законот за стечај, од денот на објавување на огласот во Службен Весник на Р. Македонија од 30.11.2017 година, тече рокот за пријавување на побарувања. Во законска рамка ќе биде изготвена конечната листа на доверители која ќе биде поднесена до Основниот Суд Велес и ќе биде објавена на е-стечај, за што јавноста ќе биде известена - е наведено во соопштението од стечајниот управник на „Фени Индустри“. 

 

 

 

03.12.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега