Температури под нула па промена со времето

 

Облачно и студено време ќе преовладува денеска во Македонија, со умерен до засилен северен ветер.

Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег.

Минималната температура ќе се спушти до минус три степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во Скопје слично време. Утринската темература ќе се спушти до еден степен, а дневната ќе достигне до осум степени. Од вторник утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата.

Од среда во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневните температури ќе бидат во благ пораст. 

 

 

 

04.12.2017 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега