Американскиот амбасадор Бејли на факултетот за безбедност

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска ќе го посети Факултетот за безбедност - Скопје, каде ќе оствари средба со деканот проф.д-р Никола Дујовски.

Бејли ќе биде запознат со работата на факултетот и неговиот развоен процес согласно програма за работа.

Амбасадорот на САД во рамки на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност - Скопје пред студентите и професорите ќе одржи предавање од областа на борбата против корупцијата, по кое ќе одговара на прашања од студентите. 

 

 

 

04.12.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега