Дебата за правата на мигрантите

 Научна конференција на која ќе биде претставен документот за јавна политика на тема „Пристап до права и заштита на ранливи групи на луѓе препознаени како бегалци или мигранти“ ќе се одржи денеска во организација на Легис.

Конференцијата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и генералниот секретар на Легис, Мерсиха Смаиловиќ.

Легис заврши со имплементирањето на проектот „Пристап до права и заштита на ранливи групи на луѓе препознаени како бегалци или мигранти“ со финансиска поддршка од „Unitarian Universalist Service Committee“, ориентиран во поддржување на истражувачката околина и човековите права. 

 

 

 

04.12.2017 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега