Џафери од денеска во посета на САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од денеска е во работна посета во Соединетите Американски Држави, каде на покана на конгресменот Дејвид Питинџер, ќе учествува на 10. Парламентарен безбедносен разузнавачки Форум, што ќе се одржи на 7 декември во Вашингтон.

Покрај учеството на Форумот предвидени се и средби со повеќе конгресмени и претставници од Стејт Департментот, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието. 

 

 

 

04.12.2017 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега