Заев не сака да ја коментира оставката на Груевски

Премиерот Зоран Заев вчера не сакаше да ја коментира најавата за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

- Не сакам да си дозволам да коментирам работи на нашиот прв политички опонент и уште еднаш ќе повторам – силна опозиција ќе направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и попосветена на граѓаните. Tоа се внатрешни процеси, кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството ќе си ги дефинираат како што тие сметаат дека е најдобро, изјави вчера Заев по одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

 

 

 

04.12.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега