Добро подгответе се - наредните денови студено, а за викенд превсрт во температурите

Од вторник утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата.

Од среда до петок преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

В сабота ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела.

На повисоките планини (над 2000 м.н.в.) ќе има слаби проврнувања од снег.

 

 

 

04.12.2017 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега