Милошоски: Делегатите ќе одлучат за оставката на Груевски и за идните кандидати

Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва кажа дека состанокот на ИК поминал во добра атмосфера и заеднички било одлучено на 23 декември да се одржи вонреден конгрес.

– Делегатите од редовниот конгрес од Куманово треба да бидат известени, бидејќи истите ќе бидат делегати и на вонредниот конгрес. Ќе се одлучува за оставката на претседателот Груевски и за кандидатите кои би аплицирале за позицијата, рече Милошоски и додаде дека очекува делегатите да одлучат кои ќе бидат луѓето кои ќе бидат кандидати за нов претседател на партијата.

Милошоски истакна дека во партијата имаат став дека најважно е да се случи оставката и да се задржи кохезијата во партијата.

 

 

 

04.12.2017 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега