"Среќна и безбедна 2018" - славењето со петарди може да биде трагично

Одделението за превенција при СВР Скопје, градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта во оваа општина денеска на пладне ќе ја почнат кампањата „Среќна и безбедна 2018 година - во семејно и пријателско дружење“.

- Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност, информира МВР.

Ќе биде изведена симулација, односно показна вежба за давање помош при повреди предизвикани од злоупотреба на петарди, ракети и други видови пиротехнички средства, во која ќе бидат вклучени екипи на полицијата, Црвениот крст и ученици од три основни училишта во општина Аеродром.

Од учениците од основните училишта ќе бидат изработени графити и цртежи на тема „Петардите не се играчки“, кои ќе бидат изложени пред платото на ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром. 

 

 

 

05.12.2017 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега