Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров: Денеска и ние ќе извршиме еден терористички акт (ВИДЕО)
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска демонстративно ја напуштија седницата на општинскиот совет на Ѓорче Петров. Од советничката група изјавија дека ќе извршат „терористички акт“ пеејќи ја химната.
„На денешната седница на Општина Ѓорче Петров, советничката група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, демонстративно ја напуштија седницата.
Остануваме доследни на поддршката за притворените уставобранители од настаните од 27-ми април и нема да присуствуваме на следните седници каде што тие ќе бидат исто така искористувани од полза на власта.
Остануваме да ги поддржуваме се додека не падне оваа полициска хунта.“ – изјави советникот на ВМРО-ДПМНе Данијел Апостолоски
Со слични одлуки деновиве и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во неколку општини, додека оние во Вевчани поднесоа колективна оставка на своите функции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа