Владата ја укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот

Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот во продавниците. Владата на денешната седница одлучила да се укине и лиценцата за алкохол и тој да може да се продава насекаде, како што беше порано.

Министерството за економија на владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија согласно иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Со информацијата, Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави Предлог за изменување на законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца.“ – стои во соопштението на Владата.

 

 

 

 

 

05.12.2017 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега