ВМРО-ДПМНЕ и вечерва на протести: Сакаат да уништат нешто што не се уништува

ВМРО-ДПМНЕ и вечерва на протест пред Министерството за правда. Членовите, функционерите и поддржувачите на партијата и вечерва го изразија својот револт против новите одлуки на судот и притворот за шестмината пратеници од нивната партија.

Тие воедно побараа итно ослободување на притворените, квалификувајќи го приведувањето како политички реваншизам.

- Она што се случи денес е невидено не само во историјата на Македонија, туку и во еден поширок контекст. Да се стави во притвор пет проценти од целокупниот пратенички состав, односно 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е ништо друго, туку инсталирање на диктатура - рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова однесување, додаде, води кон целосна поларизација и радикализација во Македонија.

На протестот се обрати и Мане Јаковлевски, еден од основачите на партијата. Партијата, рече, што успеа да го оствари сонот на претходните генерации, денеска повторно е изложена на најбрутални притисоци. - Сакаат да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ, да уништат нешто што не може да се уништи, нагласи Јаковлевски.

Според Славчо Чадиев, партиски членови осми ден се излезени на улиците за да кажат дека уапсените не се терористи.

 

 

 

05.12.2017 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега