Судењето за „Траекторија“ одложено за 18 декември

Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, е одложено за 18 декември годинава.

Обвинетите во овој предмет - поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, денеска дојдоа во Кривичниот суд.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Кривичниот суд на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за овој случај и даде два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември. 

 

 

 

06.12.2017 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега