Ограбено основно училиште во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот Ј.Ш.и 16-годишниот Е.Ф. , двајцата од село Студеничани, како и 17-годишниот В.А. од Скопје,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. 

Имено, тројцата пријавени во октомври 2017 година во основното училиште „Наим Фрашери“ во село Студеничани го отвориле прозорецот и влегле во една од училниците, по што одзеле 60 мини преносни компјутери и 20 продолжни кабли и го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 550.000.00 денари. Компјутерите се вратени во основното училиште „Наим Фрашери“.

 

 

 

06.12.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега