Ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол

Министерството за економија за два месеца треба да подготви измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот и ќе се овозможи продажба и во кисоци со поседување лиценца, информираа денеска од ресорното Министерство.

Информацијата за законските измени Министерството за економија ја презентираше на вчерашната владина седница, а како резултат на реализираната посета на компаниите во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“.

Предлозите, како што информираше денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, доаѓаат директно од бизнис заедницата и се усогласени со стопанските комори.

-  Исклучително е важно што оваа информација е усогласена и направена по иницијативата од бизнис заедницата, разговарано е со сите погоолеми компании и со сите стопански комори во Македонија, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Со сегашниот закон продажбата на алкохол е ограничена до 19 часот во зимскиот период, односно до 21 часот преку лето. Во киосците, пак, има забрана за продажба на алкохол

 

 

 

06.12.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега