ДИК кратела од „теренците“ за себеси да си даде бонус

Членовите на Државната изборна комисија им ги намалиле дневниците на „теренците“ на денот на изборите за да можат да си дадат бонус-плата за себе - пишува Независен весник.

Под притисок на јавноста, ДИК вчера свика вонредна седница, на која беше одлучено секој од членовите индивидуално да донесе одлука што ќе прави со земените средства. Во меѓувреме, „Независен весник“ дојде до нови сознанија за однесувањето на членовите на ДИК, кои би требало да бидат еден од столбовите на демократијата и важен чинител против коруптивното однесување во општество, пренесува Независен.

 Претставувајќи се како група вработени,  кои замолуваат нивните имиња да не се објават јавно поради страв од одмазда и добивање отказ. Иако, како што велат, водството на ДИК ќе препознае лесно од каде извира незадоволството

„Ни рекоа дека истата работа што до лани ја вршевме тројца (вкупно 200 луѓе), сега ќе мора да ја сработи еден (вкупно 85 луѓе). Што да правиме, прифативме. Искрено, очекувавме дека поради зголемените обврски и дневниците ќе бидат зголемени, но место тоа, нѐ дочека шок. Добивме само 2.000 денари или 33 евра. А да напоменеме дека не е исто да работиш на претседателски или парламентарни со локални избори. На првите има една листа, додека на локални има листа на градоначалник, листа на советници, а во Скопје и дополнително за градоначалник на градот, плус за совет на град“, раскажале вработените за Независен весник.

Целиот текст може во целост да го прочитате на сајтот на „Независен весник“

 

 

 

 

06.12.2017 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега