ОЈО започна постапка во врска со снимањето на серијата „Македонија“

Денеска, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција е поднесена кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик.

Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм, како што велат од Обвинителството, во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000,оо денари.

Имено, при постапката за финансирање на Проектот – играна серија ‘‘Македонија‘‘, осомниченото лице овозможило Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран Филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со против правна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на Буџетот на Република Македонија.

За овој случај Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што веќе беше објавено, по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по неа се постапува.

За понатамошнот тек на истргатата, јавноста контиунирано ќе биде известувана.

 

 

 

06.12.2017 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега