Заев на средба со Фуере: „Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и политичка волја“

Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Брисел, во рамки на дебата  Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“ што ја организира Центарот за европски политички студии (CEPS) се сретна со поранешниот амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере.

– Дојдовме со аргументи дека се ​​создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ. Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Република Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година - изјави Заев.

 

 

 

 

06.12.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега