ОЈО ќе проверува дали имало кражби од сефови на Шпаркасе банка

 

Скопското Јавно обвинителство денеска соопшти дека издало наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови во Шпаркасе банка.

- Основното јавно обвинителство – Скопје од 30.11.2017 година постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Оваа пријава, како што е посочено, веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката.

Истовремено, издадена е и наредба за вештачење на материјални траги подигнати на лице место. Притоа, се проверува кој се имал пристап до трезорот со сефови на банката. 

 

 

 

06.12.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега