Прифатени два амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на расправата за буџетот за 2018 година

На седмиот ден од расправата за буџетот за 2018 во Комисијата за финансирање и буџет, денеска заврши општиот претрес и продолжува амандманската расправа.

Во текот на амандманската расправа, досега се прифатени два амандмани поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, кој што се однесува на субвенционирање на печки за пелети

и за ТИРЗ Куманово.

Со Комисијата за финансирање и буџет претседава Васко Ковачевски од СДСМ, кој беше назначен од претседателот на Собранието Талат Џафери поради неколкукратното откажување на Комисијата од претседателката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен овие амандмани од ВМРО – ДПМНЕ, ќе се прифатат и два амандмана предложени од БЕСА за парк и депонија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на комисиската расправа, па се очекува таа евентуално да заврши и пред планираните 10 законски дена. Потоа е можно веќе наредната недела во Парламентот да се изгласа Буџетот за наредната година.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска изјави дека „цврсто верува оти буџетот ќе се донесе“.

 

 

 

06.12.2017 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега