Адвокатите на пратениците поднесоа жалби до Кривичен суд

Жалби до аплациониот суд поднесоа адвокатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за кои Кривичниот суд вчера одреди мерка притвор и домашен притвор поради настаните од 27.

Адвокатот на пратеничката Пешевска за Алфа изјавил дека кривичниот суд во решението морал да ја образложи основаноста на сомнението дека Пешевска го сторила тешкото кривично дело. Ова е и главниот елемент во жалбата до Апелација што одбраната на Пешевска веќе ја доставила.   

„Во решението се образложени само причините за притворот. Нема образложение за основано сомнение, врз основа на кое што судот изрече мерка куќен притвор за мојот клиент. Тоа е и главната основа за жалбата што веќе ја поднесовме до Апелација. Вака сроченото решение фрла сомнеж врз постоењето односно увидот во доказите. Решенија за притвор паѓаат после жалбите пред повисоки судски инстанци, баш заради оваа причина„, вели адвокатот Тасевски.

Жалби поднесоа и адвокатските тимови на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски  кои добија 30 дневен притвор.

 

 

 

06.12.2017 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега