Подгответе се: Снежни врнежи на повидок
Најниска температура изутрина во седум часот во Македонија е измерена во Лазарополе, минус 8 степени, по што следат Маврово со минус 7 и Претор и Крушево со минус 6, Охрид со минус 5, Берово, Битола, Пожаране, Дебар и Тополчани со минус 4, Ѓуриште, Виница, Прилеп, Крива Паланка, минус 3, ....
Времето денеска ќе биде сончево, а на одредени делови сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе е претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, само на југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Температурата од 4 до 12 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Попладне претежно сончево со малку облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата до 9 степени.
До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад од крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела краткотрајно врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.
Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи кои понекаде на повисоките места ќе бидат од снег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа