Македонија го почнува 18. Акциски план за членство во НАТО

Делегација на Македонија во понеделник во Брисел ќе ја претстави Годишната национална програма за членство во НАТО за 2017-2018 година пред Комитетот на заменици постојани претставници на земјите членки во Алијасната.

Со тоа официјално ќе започне 18-от циклус на Акцискиот план за членство во НАТО.

Предлог – текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година беше усвоен вчера на седница на Владата.

 

 

 

06.12.2017 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега