Злоупотреба на службена положба во Фени, Мепсо, Дебарски бањи-цапа, Агенција за филм

Финансиската полицијаподнесе кривична пријава за извршниот директор на кавадаречки Фени. Полиција се сомнева дека ја злоупотребил службената положба, донел одлука за отпис на незастарени побарувања со невистинита содржина. Предизвикал штета од околу 52 милиони долари. 

За злоупотреба на службената положба, кривични заработија и тројца екс- директори во МЕПСО. Осомничени се дека одолговлекувале и не преземале дејствија за наплата на побарување за испорачана струја, со што, според Финансиската полиција, на компанијата ѝ нанеле штета од над 42 милиони денари.

Управата открила и даночно затајување во Дебарски бањи- Цапа. Неосновано се стекнале со противправна имотна корист од околу 9 милиони евра, а биле затаени даноци од над 400 илјади евра.

Кривична и за поранешната директорка на Агенцијата за филм. Осомничена е дека во периодот од октомври 2016-та година до септември годинава, пречекорувајќи го своето службено овластување го оштетила буџетот за 68 милиони денари при постапката за финансирање на играна серија.

Управата соопшти и дека работат на повеќе случаи за перење пари, каде што се инволвирани функционери и лица кои учествувале во јавни набавки.

 

 

 

06.12.2017 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега