МВР потврди: Пронајден женски леш во Вардар, се утврдува идентитетот

Непознат женски леш околу 13 часот е пронајден во близина на улицата Скупи, потврдуваат од МВР за Курир. Женското тело е пронајдено на местото каде реката Серава се влева во Вардар и се работи на негова идентификација, како и на причините за смртта.

Од МВР се уште нема официјална потврда дали пронајденото женско тело е на исчезнатата професорка Снежана Тројачанец по која цело Скопје трагаше два дена, но претходно нејзиниот син објави тажна вест дека таа била пронајдена почината во Вардар.

 

 

 

06.12.2017 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега