Пожар беснееше попладнево во Кисела Вода

Пожар попладневно избувна во куќа во населбата „11 Октомври“ во Кисела Вода.

- Опожарена е внатрешна просторија во куќата и нема повредени, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната единица на Град Скопје.

Интервенирано е со три возила и осум пожарникари. Пожарот е изгаснат, екипите се уште го расчистуваат теренот.

Засега не се познати причините за пожарот, кој бил пријавен во 17 часот и 10 минути.

 

 

 

06.12.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега