Крсто Мукоски во затворот штрајкува со глад

Пратеникот Крсто Мукоски на кој вчера кривичниот Суд му одреди притвор за настаните од Собранието на 27. април, во затворот штрајкува со глад, пренесе Телевизија 24.

Информацијата за тв 24 ја потврдува неговата одбрана. Причина за неговиот штрајк со глад е тоа што сметал дека е притворен за нешто што воопшто не го направил, а најмалку дека му се става на товар терористичко загрозување на уставниот поредок. 

Веднаш му бил извршен преглед и засега е констатирано дека му е добра здравствената состојба.

Адвокатот на Мукоски денеска поднесе жалба до Кривичниот Совет.

 

 

 

06.12.2017 - 19:21
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега