Јункер: Напредокот на Македонија во изминатите месеци е завиден

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан Клод Јункер изјави денеска дека напредокот на Македонија во изминатите месеци е завиден. Тоа го изјави Јункер на заедничката прес – конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

- Многу сме задоволни од работата на премиерот Заев досега. Би сакале државата да ја насочиме да продолжи по тој пат. Многу се важни односите со соседите - со Бугарија и со Грција. Очекуваме започнатиот процес на реформи да продолжи во судскиот систем, јавната администрација и во безбедносните служби. Сите држави од Западен Балкан имаат европска перспектива, а следните месеци ќе оцениме како да продолжиме со секоја од нив, нагласи тој.

Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека, ако неопходните мерки бидат преземени од владата во Скопје во следните месеци, ЕУ може да премине кон следната фаза и да даде безусловна препорака за почеток на преговорите за членство.

- Тоа зависи од исполнувањето на ветените реформи. Тоа може да се постигне ако сите во државата поддржат исполнување на тие задачи и обезбедат најширок консензус. Тоа е мојот совет, тоа е национална задача, истакна Хан. 

 

 

 

06.12.2017 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега