Заев за АПЕ: Планирам посета на Атина

Премиерот Зоран Заев за грчката новинска агенција изразува надеж дека посетата на Атина може да се реализира наредната година.

- „Во овој период ја планирам мојата посета на Атина, се надевам на почетокот на новата година, за да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕјас, со претседателот на Република Грција и со грчки пратеници", вели Заев.

Тој од Грција ќе бара поддршка за патот кон ЕУ и НАТО. 

- „Нашата позиција е следната: бараме поддршка и помош од грчките граѓани и секако преку институциите и од грчката влада, од опозицијата и од грчкиот парламент. Имаме во предвид дека прашањето за името е чувствителна тема и не е воопшто лесно ниту за грчките политичари. Сепак, сакаме да се обидеме меѓусебно да се разбереме и да го охрабриме изнаоѓањето решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни. Или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да имаме поголема добивка, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото.“ – објаснува македонскиот премиер за АПЕ.

 

 

 

06.12.2017 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега