Пожар пеплоса куќа во Кавадарци

Во пожар вечерва изгоре стара куќа во строгиот центар на Кавадарци. Повредени нема. Како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, на лице место интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари.

- На помош ни дојдоа и двајца работници со едно возило од компанијата “Кожувчанка”. Направивме се што можевме огнот да не се прошири на околните објекти, соопшти командирот.

Пред неколку дена, во тој дел на градот и автомобил бил зафатен од пожар.

Засега не се знаат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

 

 

 

06.12.2017 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега