Командир на противпожарна во Радовиш организирал комар на работа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава  против 47-годишниот Г.К. од Радовиш, командир на вод во Територијална противпожарна единица Радовиш, кој во една од просториите неовластено организирал игри на среќа што се забранети.

На 20.10.2017 година, при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на Територијалната противпожарна единица Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин.

За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен. 

 

 

 

07.12.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега