Малолетник од Кратово му украл 10.000 евра на татко му

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово, до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе известување против 14-годишник од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба”.

Малолетникот, во периодот од 26.04. до 01.05. годинава, искористувајќи згодна прилика и необезбедна врата од подрумска просторија од куќа, лоцирана на улицата „Мирче Ацев“ во Кратово,на неговиот татко, влегол внатре и од машки кожен паричник, во кој имало 15.500 евра, 700 американски долари и 20.000 денари во разни апоени, одзел 10.000 евра во апоени од по 500, 200 и 100 евра и 100 американски долари или севкупно околу 620.000 денари.

Кражбата, во Полициската станица Кратово, ја пријавил неговиот татко.

 

 

 

07.12.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега