Детали за крвавиот инцидент во Аеродром: Куче искаса две жени и четири деца, едвај се спасиле

Куче скитник синоќа во неколку наврати нападна и касна две жени и четири деца во Аеродром. Шесте случаи се пријавени во Полициската станица Аеродром, а за кучето е известена шинтерската служба.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени се шест настани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.

Станува збор за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.

Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица. Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ. На АСНОМ исто  така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе.Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.

Од страна на Полицијата Аеродром за случајот е известена шинтерската служба.

 

 

 

08.12.2017 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега