Жена од скопско давена и тепана: "Ако викаш ќе те убијам'

Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути, 29-годишната Л.А. пријавила дека на 04. месецов околу 01 часот во селото Идризово-скопско во семејниот дом била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг.

Полицијата информира дека се работи за 29-годишниот П.К. кој повеќе пати ја удирал со тупаници  во пределот на носот, лицето и стомакот, кубејќи ја за косата  и давејќи  ја во пределот на вратот.

Тој и се заканувал дека доколку вика ќе ја убиел. Од физичкиот напад жената се здобила со видливи повреди во пределот на главата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.12.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега