Македонската полиција е на нозе: Исчезнаа три деца

Три лица се пријавени како исчезнати во македонската полиција.

Во 3 часот и 30 минути по полноќ во полиција во Тетово се јавил 47-годишниот Р.К. за да пријави дека минатиот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка. 

Во СВР-Куманово, 43-годишниот М.А. пријавил дека истиот ден околу 12 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 16 годишен син, пак  41-годишниот У.А. пријавил дека истиот ден околу 20 часот и 30минути, од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.
 

 

 

08.12.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега