Измамена старица од Скопје: И рекол дека парите се фалц па избегал со пензијата

87-годишната Ј.Т. вчера пријавила дека истиот ден околу 11 часот на улицата “Народен Фронт“ во Скопје од страна на непознато лице била измамена односно и биле одземени 30.000 денари.

-Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако таа ја извадила пензијата од банка, во еден момент била сопрена од  него, а тој  на вратот носел некаков беџ, при што и рекол дека бил вработен во банката од каде ги извадила парите, односно дека треба да ги провери парите бидејќи наводно биле фалсификат, информираат од полицијата.

Оштетената ги извадила парите од ташната и му ги дала, а во еден момент непознатото лице со трчање избегало од местото на настанот.

 

 

 

08.12.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега