Тешка кражба во куќа во Битола - му земале се што имал

Според информациите на МВР, вчера во полиција било пријавено дека на улица Филип Втори Македонски во куќата сопственост на  51-годишниот З.У. непознат сторител извршил тешка кражба.

Тој насилно ја отворил влезната блиндор врата и украл околу 255.000 денари и разновиден златен накит стекнувајќи се со околу 320.000 денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.12.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега