Полицијата влезе во домот на средовечен скопјанец - го фати со дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 55-годишниот И.Н. и 57-годишниот Н.Н.  од Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Како што информира МВР, двајцата пријавени на почетокот на месецов со намера да препродаваат дрога, од непознато лице набавиле неопределена количина на наркотична дрога-хероин во нивниот дом, каде што дрогата ја препакувале во помали пакувања заради улична препродажба на уживатели на дрога.

- По претходно добиени оперативни сознанија и издадена Наредба за претрес на дом и други простории од Основен Суд Скопје 1 -Скопје, од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје беше извршен претрес во домот на И.Н. во Скопје, каде е затекнат Н.Н. при што се пронајдени три полиетиленски паковки со непозната прашкаста материја, една дигитална вага, еден нож, една запалка со остатоци од непозната материја, една кеса со алуминиумска фолија, селотејп трака и дрвен толчник со остатоци од непозната прашкаста материја, соопшти МВР.

Пронајдените предмети се одземени и со наредба од Основното јавно обвинителство - Скопје се предадени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ. 

Со вештачењето е утврдено дека пронајдената прашкаста материја со нето масо од 432,4 грама претставува хероин, а детектирани се и 3,04 грама мешавина од кофеин и парацетамол (кои се користат за мешање на дрогата), како и траги од хероин на откриените и запленети предмети, појасни МВР.

 

 

 

08.12.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега