Девет лица каснати од кучето во Аеродром - биле примени на Инфективно

На Клиниката за инфективни болести девет лица побарале лекарска помош откако синоќа биле каснати од куче меѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“ во населбата Аеродром, информираат од таа јавна здравствена установа.

Од Клиниката посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена тетанус вакцина, по што биле пуштени на домашно лекување.

Во Министерството за внатрешни работи беше пријавено дека ноќеска се нападнати и каснати од куче во Министерството за внатрешни работи шест лица од кои две жени и четири деца на возраст од 10 до 14 години.

Нападот од кучето се случило синоќа до 22 до 02 часот по полноќ.

 

 

 

08.12.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега