Филип Петровски ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

 

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес кој ќе се одржи на 23 декември, откако досегашниот лидер Никола Груевски најави оставка.

Ова Петровски го соопшти синоќа во дебата на „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија, додавајќи дека се одлучил на овој чекор по анализа и консултација со семејството и партиското членство. 

- „Има некои луѓе кои сметаат дека близината и тоа што постојано се во „палатата“ им дава предност пред другите, јас мислам тоа за нив е хендикеп, многу малку знаат што мисли членството. Има сериозен клиентелизам, гледам дека има големо непознавање за историјатот на конгресите“, истакна Петровски во „Само вистина“ и порача да не се врши притисок.

 

 

 

 

09.12.2017 - 10:09
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега